Новиот менаџер на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, сака за време на летниот преоден рок „црвените ѓаволи“ да ги осигураат услугите на крилниот напаѓач од редовите на германскиот гигант Баерн (М), Лерој Сане. Репрезентативецот на Германија на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер и ќе може да се пресели на „Олд Трафорд“ без никакво обештетување.