Дома РАЗНО Американците развиваат суперсоничен авион – Од Њујорк до Лондон за 90 минути/видео

Американците развиваат суперсоничен авион – Од Њујорк до Лондон за 90 минути/видео

154

Американска стартап компанија планира да развие авион што ќе лета со брзина пет пати поголема од брзината на звукот и за 90 минути ќе ги пренесе патниците од Њујорк до Лондон.

Воздухопловната компанија Hermeus Corporation со седиште во Атланта соопшти дека од приватни инвеститори добила доволно пари за производство на овој вид авион. Ако проектот успее, тоа би можело да значи револуција во воздушниот сообраќај.

Сега патувањето од Њујорк до Лондон трае повеќе од седум часа.

Меѓу основачите на компанијата Hermeus се поранешни вработени во SpaceX – компанијата на Елон Маск, како и од вселенската компанија на Милијардерот Џеф Безос, Blue Origin. Сите четворица коосновачи работеле заедно во Generation Orbit, каде развивале суперсонични авиони на ракетен погон и најновите Х-авиони за американското воздухопловство.

Од компанијата велат дека ќе бидат потребни десетина години за да се реализира овој проект.