Очекуваниот раст на прометот од 11 проценти во американските ресторани во 2021 година нема да биде доволен да ги надомести големите загуби предизвикани од пандемијата на коронавирусот во 2020 година, покажуваат истражувањата на Националното здружение на ресторани.
Прометот треба да се искачи на 731,5 милијарди долари оваа година, проценува Здружението во извештајот.
Во 2020 година, тој падна за речиси една четвртина, на 659 милијарди долари.
До декември долгорочно или трајно беа затворени 110.000 ресторани и баровии.
На крајот на 2020 година, во овој сектор имаше околу 2,5 милиони работни места помалку отколку пред пандемијата.
Голем број од рестораните се преориентираа на достава на храна до дома, за што ангажираа и компании за достава.