Американските демократи сакаат деблокада на Министерството за финансии

53

Претседавачот со Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси рече дека демократите планираат да донесат поединечни акти со кои ќе продолжи работата на блокираните министерства.

Пелоси рече дека ќе се почне од Министерството за финансии за да се овозможи Американците да добијат пари од враќање на данокот.

Вршителот на должност шеф на Кабинетот на претседателот на САД, Мик Малвејни, во интервју за Ен-Би-Ес, рече дека претседателот е подготвен за договор.

Според него, американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да се откаже од бетонски ѕид на границата со Мексико и да се согласи на ѕид од челик или друг материјал.

Трамп повеќе пати посочуваше дека неговата дефиниција за ѕидот е флексибилна, меѓутоа демократите јасно наведоа дека ѕидот е нешто неморално и неефикасно и дека сакаат други видови осигурување на границата, чие финансирање би било опфатено со веќе предвидените средства.

Американската Влада веќе со денови се наоѓа во блокада поради несогласувањата околу ѕидот, чие финансирање е барање на претседателот Трамп.