Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во кругот на министерството ќе прими донација во опрема и средства за справување со ковид-19 од амбадасадорка на САД во земјава, Кејт Мери Брнз.
САД досега во повеќе наврати донираа опрема, возила и средства за потребите на македонската полиција, меѓу кои и за одделот за гранични работи и миграции и секторот за криминалистичко разузнавање и анализа.