Амбасадорката на САД, Кејт Брнз, денеска ја посети Јавната научна установа Хидробиолошки завод во Охрид.

На амбасадорката и беа презентирани интересни податоци за Охридското Езеро како уникатен акватичен екосистем, неговиот жив свет и ендемизмот. Исто така, таа беше запознаена и со историјата и дејноста на Институтот, неговата организациска поставеност и управување, изведувањето на вештачкиот мрест на охридската пастрмка, проектите, како и тековните и идните активности во насока на заштита на биодиверзитетот и екосистемот во целост.

На средбата беа разгледани можностите за поврзување на Хидробиолошкиот завод со сродни институции од САД, со цел остварување соработка и размена на студенти и научни работници.

Претходно амбасадорката ја посети и Дирекцијата на Националниот парк „Галичица“, јкаде што оствари средби со раководството на паркот.