Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се повлече од натпреварувањето во Базел, што значи дека Новак Ѓоковиќ ќе биде број еден на АТП листата барем уште еден месец, а сега се открија шокантни информации за младиот Шпанец. Во исто време кога се игра турнирот во Базел, се игра и турнирот во Виена, но тој турнир се откажа од идејата да го донесе Алкараз
Причина за тоа се огромните барања на Шпанецот кој според австриски „Стандард“ бара 800.000 долари за да се појави на турнир! Со оглед на тоа што наградниот фонд за натпреварот во Виена изнесува 2.400.000 долари, а победникот добива 450.000, не е ни чудо што Австријците се откажаа од доведување на поранешниот светски рекет број еден.
Следен турнир на кој ќе настапи Алкараз е Мастерсот во Париз, кој е на програмата од 30 октомври, кога ќе продолжи неговата трка со Новак Ѓоковиќ за првото место. Во моментов Новак има 11.045 бодови, додека Алкараз е втор со 8.805 бодови, но кога ќе се одземат бодовите на двајцата до крајот на сезоната, разликата е само околу 500 бода и ќе има голема борба за лидерското место на АТП, на крајот од сезоната.