Брилијантен Лејвер куп одигра Алкараз и несомнено беше клучната причина поради која Тим Европа го врати трофејот во своите витрини. Тој играше толку добро што неговите противници од Светскиот тим му го дадоа прекарот „Фед 05“, што имплицираше дека Шпанецот беше добар како Федерер во 2005 година.
“Многу сум далеку од тоа ниво. Се надевам дека некогаш ќе го достигнам, но тоа ќе биде невозможно. Мора да ми го сменат прекарот бидејќи Федерер во 2005 година засекогаш ќе биде само тој”, рече Алкараз, гледајќи во Швајцарецот кој беше на трибините во Берлин.
Инаку, Федерер во 2005 година имаше 81 победа и само четири порази. Тој ја заврши годината на првото место, играше во полуфиналето на Австралија Опен и Ролан Гарос, ги освои Вимблдон и УС Опен и играше во финалето на завршниот турнир.