Доказ дека нема конфликти во ривалствата е сликата што поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Марко Паники ја објави на својот Инстаграм профил, каде во центарот на вниманието се Шпанецот Карлос Алкараз и Италијанецот Јаник Синер.
Сликата настана по епското финале во Пекинг, каде по три сета квалитетен тенис Алкараз победи со 6:7, 6:4, 7:6. На сликата јасно се гледа Италијанецот до Паники, како и во позадина Шпанецот кој возбудено крева два прста додека гледа во камерата.
Марко Паники му беше физиотерапевт на Новак Ѓоковиќ, а со него почна да работи во 2017 година. Паники беше дел од тимот на Ѓоковиќ до 2024 година, кога Ѓоковиќ реши да ја прекине соработката со него за да го освежи стручниот штаб.
Паники беше важен член на тимот во периодот кога Ѓоковиќ освои повеќе Грен слем титули и се врати на врвот на светскиот тенис.