Алкантара ќе игра на „Паркот на принцовите“

75

Неколку минути пред затворањето на преодниот рок, Рафиња Алкантара потпиша за ПСЖ, пренесува „Мундо Депортиво“.

Играчот од средниот ред на Барселона заминува за Париз без никакво обештетување, но каталонскиот гигант може да заработи околу 3.5 мил. евра благодарение на договорените бонуси.

Покрај тоа, шпанскиот клуб ќе добие 35% од евентуалната продажба на Бразилецот. Во изминатите две сезони Рафиња прво играше како позајмен во дресот на Интер, а потоа и во тој на Селта од Виго.