Актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), не се откажува од намерата да ги осигура услугите на офанзивниот бек од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Тренд Александер-Арнолд. Репрезентативецот на Англија има договор со „црвените“ до крајот на актуелната сезона, а тоа значи дека ќе може да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ без никакво обештетување.