Албански дипломат: Рама не сака членство на Албанија во ЕУ

33

Албанскиот дипломат од кариера Агим Нешо, гостувајќи во еимисијата „360 степени“ на тиранската телевизија Ора њуз, го обвини албанскиот премиер Еди Рама дека не сака членство на Албанија во Европската Унија, поради неговиот „сојуз на корупцијата“.

– Од една страна постои желбата на народот за влез во ЕУ, а од друга страна Рама и неговата политичка елита посакуваат тоа да не се случи. Наркодржава, поврзаност со организиран криминал и.т.н. Ова покажува дека не постои желба. Корупција, интереси, власт. Каде одиме со сето ова? Тоа е сојуз на корупцијата, рече Нешо.

Тој се задржа и на идејата на косовскиот претседател Хашим Тачи за „корекција на границите“ на Косово, велејќи дека тоа е игра и додаде дека ставот на САД околу тоа е сосема јасен.

– Сметам дека и даваат време на Србија и играта ќе продолжи. Никогаш не можеме да влеземе во игра која за мене е скандал. Без оглед на тоа како ја продаваат оваа игра, многу е тешко за САД да преговараат за прашање кое е затворено. Американскиот печат пишува дека претседателот на САД можеби ќе беде тој кој ќе може го реши овој непостоечки проблем и ќе добие Нобелова награда, изјави Нешо.