Албанските студенти продолжуваат со „окупацијата“ на седум факултети

65

Албанските студенти масовните протести пред нова година, од пред една недела, поради студот, ги заменија со „запоседнување“ на факултетите.

Тие ја бојкотираат наставата,но остануваат во просториите на факултетите не ретко пеејќи ја националната химна на Албанија а денес го запалија Законот за високо образование.

Исто така не им дозволуваат на службениците од Министерството за образование и Министерството за финансии да влезат во зградите на факултетите.

Деканот на Правниот факултет во Тирана, Артан Хоџа, во врска со,како што ја нарекува окупацијата на институцијата, една од седумте албански факултети,во кои студентите се наоѓаат, обвини дека во зградата на факултетот има и луѓе кои не се студенти, ниту на овој ниту на други факултети.

Хоџа велидека се обидел да ги убеди студентите да ја напуштат зградата на факултетот,но оти тие не отстапуваат.

Тој чекор студентите го презедоа да извршат притисок врз Владата да ги исполни нивните осум барања и да го укине Законот за високо образование.

Медиумите наведуваат дека е објавено видео на кое Хоџа ги повикува студентите да се вратат на предавањата и да ја завршат “окупацијата”.

Новата министерска за образование,Косовката Беса Шахини,упати апел до студентите да не ја блокираат работата на универзитетската администрација.

Според неа студентската „окупација” на факултетите го оневозможува Министерството за образование да состави списоци на студенти на кои треба да им се намали тарифата за упис и на кои треба да им се додели стипендија.