Албанија: До денеска имунизирани 612 илјади лица, од нив 20 илјади полициски службеници

26

Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу ги објави бројките на имунизирани во земјата, со посебен акцент на полициските службеници.

Досега околу 20 илјади полицајци се вакцинирани низ целата земја, додека масовната вакцинација помина 612 илјади вакцинирани, од нив над 110 илјади ги примиле двете дози, напиша Манастирлиу на Фејсбук.

Додава дека масовната вакцинација продолжува со брзо темпо, додека целта е до јуни да се постигнат милион вакцинации.

„Спроведени се околу 20 илјади вакцинации за сините униформи низ целата земја, додека масовната вакцинација помина 612 илјади вакцинации за најзагрозените граѓани. Ние сме решени да продолжиме со брзо темпо, да достигнеме милион вакцинирани до јуни. Албанија се насмевнува, пишува Манастирлиу.

Според неа во земјата синоќа пристигнале 11.700 дози вакцини од Фајзер, со што вкупниот број добиени вакцини во земјава достигна повеќе од 760 илјади.

Како резултат на масовната имунизација и ограничувачките мерки, оценува Манастирлиу, епидемиолошката состојба од минатиот месец се стабилизира и бројот на нови случаи постојано е во опаѓање.

Вчера, како што информираше министерството регистрани се само 30 нови случаи, починале четири лица а во списокот на оздравени се внесени 952 лица.

Извор: МИА