По доказите што Црна Гора ги испрати на барање на македонското обвинителството за организиран криминал за бегството на Никола Груевски, деновите и надлежните служби во Република Албанија ги собрале доказите кои може да помогнат во истрагата околу бегството на екс-премиерот и го известиле обвинителствотот .
Веста дека Албанија ги собрала бараните докази за Вечер ја потврдија и од обвинителството. Велат дека се анализираат сите досега собрани докази и во најскоро време се очекува да бидат презентирани соодветни сознанија.
Од Албанија пред повеќе од еден месец беа побарани видео материјали и други докази .
Од досегашната истрага е утврдено само дека Груевски територијата на Република Македонија ја нема напуштено на кој било граничен премин односно дека излегол на див премин.
Поранешниот премиер пред околу два месеци наместо во затворот во Шуто Оризари, каде требаше да се јави на извршување на двегодишната затворска казна во случајот „Тенк“, избега во Будимпешта, Унгарија, каде побара и доби политички азил,а тоа го објави на својата фејсбук страна.