Ала Пугачева, руската естрадна ѕвезда, на страната на Зеленски, силно го осуди Путин – ја напушти Русија

397

Многу познатата руска поп-пејачка Ала Пугачева се стави отворено на страната на Украина, на Зеленски. Таа ја напушти Русија и сега е во Израел како бегалец. Не се согласува со инвазијата на Путин врз Украина во која има многу свои фанови.

-Ѝ благодарам на мојата повеќемилионска армија обожаватели за нивната љубов и поддршка, за нивната способност да ја разликуваат вистината од лагата, вознемирено порачува Пугачева. Секој ден од оваа света земја Израел се молам за вас и за мир. И не сум среќна се додека врз вашите глави паѓаат руските бомби.

Пугачева важи и за музичка ѕвезда во светските рамки. Често има концерти во Америка и во земјите на ЕУ. Во Русија исто така публиката ја обожава, но никој не барем јавно не ја поддржа нејзината осуда која таа му ја упати на Путин. Помеѓу руските фанови таа е најпозната по хитот „Милион црвени рози“ од 1982 година и по филмот The Singing Woman од 1978 година.

Нејзиниот сопруг Максим е од неодамна на црната листа на руското Министерството за правда. Истото је чека и Ала поради поддршката на Украина. Поупатените извори велат дека Путин е длабоко разочаран од Пугачова.

Таа јавно жалеше и по  Михаил Горбачов кога тој почина во август, За Горбачов велеше дека е херој кој на Русите им ги отворил очите кон поубав живот, наместо овој на Путин, кој Русија ја враќа во времето на сиротиот комунизам. Затоа е пејачката максимално поддржана од ЕУ на која и упатија порака дека се што и треба може слободно да им се обрати во Брисел. Пугачева на понудената помош, засега не се огласува. (Д.М.)