Алармантен пораст на верската омраза: Итен состанок во ОН за палењето на Куранот во Стокхолм

231

Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи итен состанок за неодамнешното палење на Куранот пред џамија во центарот на Стокхолм, соопштија денеска ОН.

Според портпаролот на светската организација, средбата најверојатно ќе се одржи оваа недела, пренесува Ал Џезира.

Се додава дека Советот за безбедност ќе одржи итна расправа поради „алармантното зголемување на верската омраза“.

Минатата недела се одржа протест на кој еден од двајцата организатори искина и запали копија од Куранот пред централната џамија во Стокхолм.
Додека околу 200 луѓе го следеа неговиот чин, демонстрантот прво ги искина страниците и ги избриша чевлите со нив, а потоа го стави Куранот на сланината и ја запали, потег што Турција и другите муслимански земји остро го осудија.