Алармантно во Словенија – 3.349 новозаразени, речиси секој втор тест е позитивен

197

Во Словенија во изминатите 24 часа потврдени се 3.349 новозаразени со коронавирусот и речиси секој втор тест е позитивен, а шест лица го загубиле животот.

Од 7.416 тестирања, дури 3.349 се заразаени, со 45.2 отсто позитивни наоди, што е значително полошо во споредба со претходната седмица кога Словенија имаше 2.529 новозаразени на дневно ниво со 41.8 отсто позитивни тестови, потврди словенечкиот Институт за јавно здравје.

Стручњаците предвидиваат дека петтиот бран предизвикан од омикрон сојот ќе биде кус и ќе го достигне својот врв кон крајот на јануари или на почетокот на февруари.