Шефот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф, вели дека Ред Бул е фаворит на трката за Големата награда на Монако, која ќе се вози викендов, затоа што нивниот болид е силен во услови кога се потребни највисоки нивоа на моќност.
Мерцедес освои пол-позиции и победи на три од четирите трки оваа сезона, а Хамилтон е лидер во поредокот на возачи со 14 бода повеќе од Верстапен, додека Мерцедес има 29 бода повеќе од Ред Бул.
Хамилтон славеше на последната трка одржана во Монако во 2019 година кога успеа да се одбрани од налетите на Холанѓанецот и ја оствари четвртата победа на првите шест трки таа година, а оваа сезона цели кон својата четврта победа на таа трка по прославата во 2008, 2016 и 2019 година
И покрај тоа што Мерцедес славеше во 75% од трките оваа година, Волф верува дека Ред Бул е фаворит на улиците во Монте Карло, патека што традиционално им одговара и на која последен пат славеа во 2018 година со Даниел Рикардо.
- Првите неколку трки ни донесоа возбудливи борби, но и стратешки планови за да победиме. Шпанија беше далеку од совршена трка за нас и можеме да научиме многу од тоа. Оваа трка не е како ниедна друга и толку многу ни недостасуваше минатата година, едвај чекаме да се вратиме во акција на улиците во Монте Карло. Тоа е толку уникатен и интензивен викенд за возачите и тимот, без простор за грешки. Не става во оган веднаш и ние го сакаме тој предизвик. Монако е патека со високи побарувања за приближување и знаеме дека е клучна предност на Ред Бул. Тие беа многу брзи во третиот сектор во Шпанија, а тоа често е добар показател за перформансите во Монако. Затоа одиме викендов знаејќи дека тие се тим што треба да се победи, но исто така знаеме дека ќе имаме силна конкуренција во некои други тимови. Сепак, како и досега, уживаме во предизвикот. Последен пат кога се тркавме во Монако беше кратко време откако Ники Лауда почина, тој ќе ни биде на ум и оваа година, истакна Волф.