Левото крило на македонскиот ракометен шампион Варадар, Тимур Дибиров не ја криеше среќата и задоволството од постигнатиот успех, ако се земе предвид како изгледаше сезоната на „црвено-црните“.

-Имавме пократок ростер, но ние летавме на терен затоа што Вардар за нас е живот. Имавме одличен натпревар, дојдовме на врвот. Ако после оваа титула никој не ни помогне да ја средиме ситуацијата, тогаш сите да ги соблечеме патиките и да ги завршиме кариерите. Ако некој остане рамнодушен по ова, тогаш не знам што да кажам. Оваа титула е поголема од првата, затоа што знаеме низ што се минавме. Среќни сме што си го остваривме сонот, изјави Дибиров.