Ако планиравте полнети пиперки или вкусни ќофтиња викендов: Не пропуштајте да додадете една состојка во меленото месо – во неа е тајната на сочноста

193

Постојат милион начини на кои можете да подготвите мелено месо, а секоја домаќинка има своја тајна како да го направи што е можно посочно.

Покрај триковите на некои искусни домаќинки кои на меленото месо додаваат путер, компири, скроб, еве  уште еден кој нема да ве чини многу.

Тоа е маснотијата што се додава во меленото месо и ги прави јадењата како што се ќофтиња и фаширани шницли многу повкусни и посочни.

Свинската маст го подобрува квалитетот на месото, но и му дава посебна арома, па јадењата со мелено месо ќе бидат многу поубави. Најдобро е ако користите свежи масти. Ако се прашувате што е тоа, еве објаснување.

Извадете ја свежата маст од месото што треба да се пече или пржи и одвојте ја во кесички. Ја чувате во замрзнувач додека ви треба за мелено месо, но пред да ја додадете во смесата прво се меле. Ако немате свежа свинска маст, слободно користете сало купено во продавница, како на пример сало за готвење.