Доколку патувате на одмор со автомобил во Грција, пожелно е навреме да испланирате колку вкупно ќе ве чини патот.

Првата наплатна рампа е на 16 километри од граничниот премин Табановце, а патарината чини 60 денари.

Втората наплатна рампа се наоѓа пред Велес каде патарината чини 80 денари.

Третата се наоѓа непосредно пред исклучувањето за Прилеп и Битола (каде се двојат оние автомобили кои одат во Охрид или кон граничниот премин  Меџитлија) а патарината изнесува 60 денара.

Патарини до Крф, Лефкада, Парга и Сивота

На околу 500 метри од граничниот премин Евзони, во Грција ве очекува првата наплатна рампа, каде патарината чини 1,8 евра и тоа е се што треба да платите доколу патувате на Халкидики, односно Касандра, Ситонија и Атос. Иако имаше најава дека патарините во Грција драстично ќе поскапат, според порталите кои информираат за грчкиот туризам, сезонава тоа нема да се случи.-пишува Блиц рс.

Три наплатни рампи имате ако патувате до Лефкада, а 4 ако патувате до Крф, Сивота и Парга. На секоја патарина се наплаќа по 2,40 евра. Првата се наоѓа кој местото Неа Малгара кое е оддалечено 64 километри од Евзони. Втората наплатна рампа се наоѓа кој местото Полимилос, на 135 километри од македонско-грчката граница.

Третата патарина е кај местото Малакаси, на 242. километар од  Евзони. Четвртата наплатна рампа (оние кои одат на Лефкада се исклучуваат порано) е кај местото Тириа, и се наоѓа 315. километри од влезот во Грција.

Патарини до Тасос, Ставрос, Аспровалта и Врасна

Доколку патувате до Ставрос, Аспровалта и Врасна, имате само една наплатна рампа (не сметајќи ја онаа кај Евзони) на која се наплаќа 2,40 евра и се наоѓа 93 километри од влезот во Грција. Ако патувате до Тасос, имате уште две наплатни рампи, Моустхени (Кавала) и Иасмос (Комотини). На обете се наплаќа по 2,40 евра.

Цени на горивата

За да можете во целост да пресметате колку ќе ве чини патувањето во Грција, важно е да се знаат и цените на горивата. Според последните податоци од сајтот Глобал Петрол Прајсис,  литар дизел чини 1.43 евра, а литар  бензин 1,87 евра. Литар плин во Грција чини 0,92 евра.