Творецот на победата на Манчестер Jунајтед на синоќешниот натпревар со Виљареал, Кристијано Роналдо, ги оцени шансите на неговиот тим во Ф-групата од Лигата на шампионите
Роналдо на „Олд Трафорд“ погоди во петтата минута од судиското надополнување за конечни 2:1 за Јунајтед кој губеше до 60. минута.
- Доколку не победевме, тешко ќе можеше да се смета на поминување на групата. Овие три бода се многу важни за нас. Сега остануваме во комбинација. СЕ е можно до крајот, има уште четири натпревари, истакна Роналдо.
По две кола, Аталанта е лидер со четири бода, Јанг Бојс има три, Манчестер Jунајтед исто така три, Виљареал е последен со еден бод.