Трикратниот европски шампион Вајперс Кристијансанд преживува тешки моменти. Во драматичното соопштение објавено од страна клубот се вели дека ако клубот за три дена не најде милиони евра, тогаш в понеделник ќе стави клуч на врата, односно ќе прогласи банкрот.

Норвешкиот првак веќе подолго време има финансиски проблеми и некако успеваше да се спаси, но веројатно сега е дојдено до точка од која нема назад.

Ако се оствари најцрното сценарио, тогаш и ЕХФ ќе биде во проблеми, па сезоната во елитната конкуренција ќе биде со еден тим помалку.

Тоа може да биде шанса за амбициозните европски клубови да донесат ракометарки од типот на Силје Солберг, Катрине Лунде, Јана Кнедликова, Луис Абинг, Јамина Робертс… но тие сепак нема да може да играат во друг клуб од ЛШ, затоа што веќе настапуваа сезонава за Вајперс.