Кутија цигари во Грција, земјата каде што најмногу летуваат нашите граѓани, чини од 5 до 6 евра, но секако има и поскапи. Споредено со нашите цени на цигари, во Грција се далеку поскапи и затоа македонските туристи, покрај костимите за капење, кремот за сончање и облеката во своите куфери пакуваат и цигари.
Но, малкумина,пак, знаат ако оваа стока цариниците на грчка граница ја најдат во вашиот куфер или чанта, а е повеќе од две кутии цигари, ќе мора да платите казна од 500 евра. Инаку, цените на цигарите во Грција не се менуваат со години и нема таму поскапувања на секој месец.
Некои земји, како Ирска, треба да потрошите 9 евра за кутија цигари, а има и земји каде тутунот е поевтин. На пример, пакување во Турција може да се купи за 105 денари (1,7 евра).