Поранешниот светски тениски рекет број еден Шпанецот Рафаел Надал, истакан дека кога би можел да бира, попрво би го прескокнал остатокот од оваа сезона и би почнал да се подготвува за следната.

-Веднаш би потпишал дека можам да се подготвувам за 2021 година. Ако ме прашувате мене, подобро да нема тенис во 2021 година. Повеќе сум загрижен за Австралија опен, наредната година, отколку она што ќе се случува оваа сезона, бидејќи 2020 е практично загубена, изјави 33 – годишниот Шпанец кој се наоѓа во изолација во својата родна Мајорка.

Надал изјави и дека тенисот ќе има голем логистички проблем околу продолжување на сезоната во времето на пандемијата со коронавирусот, заради патувањата на тенисерите од една во друга држава.

-Тажно, нема да лажам, се чувствувам како да сум загубил една година од животот. Кога си во 33 и 34 година, тогаш тоа е уште позначајно, отколку кога имаш 20 – години и повеќе време пред себе, истакан Шпанецот.

Освојувачот на 19. грен селм турнири се уште не знае точно дали смее да тренира, бидејки во Шпанија сите спортски објекти се затворени.

-Не ми е јасно дали смеам да тренирам. Не можам да ги користам терените на сопствената академија заради децата кои се таму во изолација. Никој не смее да влезе таму, изјави Надал.

Тениската сезона е суспендирана до 13 јули, откажан е турнирот Вимблдон, а Ролан Гарос на кој Надал триумфираше 12 пати одложен е за крајот