Хокеарскиот натпревар во НХЛ лигата меѓу Анахајм Дакс и Сент Луис е прекинат уште во првата третина откако играчот на „сините“, Џеј Бумистер доживеа инфаркт. За голема среќа, откако се струполи на клупата за резерви среде меч, брзо му била дадена лекарска помош, па сега хокеарот на Сент Луис е во процес на рехабилитација.

  • Ни дозволија неколку минути да го контактираме преку Фејстајм. Џеј е свесен и во одлично расположение. Во свој класичен стил постојано се шегуваше, а сега го очекуваат испитувања поради кои ќе мора да остане во болница. Сите се шокиравме од глетката, но сега изгледа добро, изјави соиграчот на Џеј, Алекс Петаранџело.

Играчот една минута бил во несвест, потоа му се вратила свеста. За среќа неговата состојба се стабилизирала во болница. Во тие моменти резултатот гласеше 1:1, но играчите на двата тима во шок ги напуштија терените, а мечот ќе се доигра во наредните неколку дена.

  • Сите сме во шок, не е лесно да се зборува за ситуацијата во која се најдовме, особено кога со години поминуваме заедно на теренот. Сепак, им благодарам на лекарите за нивната брзина и начинот на кој му дадоа лекарска помош. Дефибрилаторот и лекарскиот тим беше 15 метри од нашата клупа, а ако не беше така, тој ќе ни умреше на раце, истакна менаџерот на Сент Луис, Дог Армстронг.