Хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб, почна со тренинзи, следејќи препораки на владата на Хрватска. Тренираат главно кондициски, без контакт, сами се грижат за опремата, нема туширање во исто време…

Но, тренерот Веселин Вујовиќ не е во Загреб, него корона мерките го затворија во родниот Шабац.

-Ако одам сега треба тестирања, па карантин, а се тоа наскоро треба да се укине, па ќе почекам, изјави за „24сата“, познатиот тренер.

Меѓутоа не остана имун ниту на одлуката на ЕХФ да се прогласат службените патници на СП, а Фајнал – форот  да се игра во декември.

-Повторно ќе ме казнат ако кажам нешто. Но, ете, јас очекував да донесат некоја глупава одлука. Јас и ЕХФ никогаш не сме имале заеднички јазик. Им одземаа на клубовите што цела сезона вложуваат да се изборат за завршница. Јасна линија на помал отпор е ова, во Келн ќе одат четирите најбогати, изјави Вујовиќ.