Ако за еден час нема вести за мене…

79

“Брат, мртов сум. Тука, во Нант, извршував многу работи, но никако да завршам. Сега сум тука, во авионот кој ќе се распадне во секој момент, а треба да летам за Кардиф”, е дел од последната гласовна порака на 28-годишниот аргентински интернационалец Емилиано Сала, која ја испратил преку WhatsApp, објави “Марка”.

Веднаш по пристигнувањето во Франција, Сала разговарал со својот тимски колега, Николас Палоис, кого го информирал дека е многу загрижен за својата сигурност поради непријатниот авионски лет од Кардиф. Иако се уште нема никаква службена потврда за смрта на Сала и на пилотот, нема никаква дилема кога се во прашање шансите за позитивен расплет на целата ситуација.

  • Утревечер ќе тренирам со моите нови тимски колеги. Ќе видиме што ќе биде. Како сте ми вие, браќа и сестри? Доколку за еден сат, сат и пол, нема никаква вест за мене, не знам дали ќе пратат некого да ме бара, затоа што нема да може да ме најде, но знаете… Тато, многу ми беше страв, биле последните зборови на напаѓачот на Нант кој пред неколку дена беше купен од англискиот премиерлигаш Кардиф за рекордни 18 мил. евра.

Неколку авиони и бродови речиси 24 часа го бараа авионот во кој беше аргентинскиот интернационалец. Полицијата од островот Гуернсеи потврди дека се најдени бројни предмети, а англиските новинари веќе почнаа да шпекулираат дека станува збор за делови од авионот.

Официјалните лица потенцираа дека се уште не е службено потврдена смртта на Сала, но додадоа дека нема нити теоретски шанси 28-годишниот напаѓач да ја преживее авионската несреќа. Во моментот на несреќата, морските бранови биле високи околу 2 метри и при такви услови, еден човек може да биде жив најмногу еден час.