Денеска напладне, претседателот на Парламентот, Никос Вуцис ќе одржи состанок со неговите потпретседатели за да се одреди парламентарната процедура. Нацрт-законот според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа викендов беше доставен до грчкиот Парламент и веројатно денеска попладне ќе се разгледа на Комисијата за национална одбрана и надворешни работи, а се очекува да се изгласа до крајот на неделава
Нацрт-законот според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа викендов беше доставен до грчкиот Парламент и веројатно денеска попладне ќе се разгледа на Комисијата за национална одбрана и надворешни работи, а се очекува да се изгласа до петок, јави дописничката на МИА од Атина.
Доставениот нацрт законот од Министерството за надворешни работи на Грција е под наслов „Ратификација на конечниот договор за решавање на разликите кои што се објаснети во одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), прекинување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните”, а содржи 3 члена.
Првиот член е потпишаниот договор во целост, вториот член се однесува на подигањето на нивото на Канцеларијата за врски во Скопје во амбасада и на Канцеларијата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола на ниво на Генерален конзулат. Третиот член објаснува дека законот стапува на сила по објавувањето во Службен весник, а договорот по ратификацијата согласно членот 20.
Нацрт законот со датум 18 јануари 2019 е потпишан од грчкиот премиер Алексис Ципрас и министрите од неговата влада.
Денеска напладне, претседателот на Парламентот, Никос Вуцис ќе одржи состанок со неговите потпретседатели за да се одреди парламентарната процедура.
Договорот од Преспа ќе помине во парламентот бидејќи премиерот Алексис Ципрас ќе има доволно мнозинство, а потоа дури и да има нова влада, предводена од сегашниот лидер на опозицијата Кирјакос Мицотакис, тој јасно кажа дека е против него, но ќе го почитува, вели Аристотле Сиамбирис, професор на Универзитетот Пиреас во Атина. Во разговор за МКД.мк тој оценува дека по ратификацијата на Договорот, доколку Македонија ги спроведува реформите, неверојатно е Грција да ја блокира интеграцијата во ЕУ врз основа на ништо, без причина, само заради тоа што некому не му се допаѓа Договорот од Преспа. Може да се случи други земји да речат дека не напредувате во процесот на имплементација, а тоа нема ништо заедничко со Договорот од Преспа. Многу тешко ќе биде за Грција да каже „го ратификувавме Договорот, усогласувањето на законодавството е направено, но ние ќе блокираме“. Тоа не може да се случи. Грција не е семоќна во ЕУ и не функционираат така работите. И нема никакви индиции дека тоа ќе се случи. Значи клучните работи се Договорот да биде ратификуван и во однос на процесот на интеграција во ЕУ, да се спроведат реформите. Но има една работа што треба да ја имаме на ум. Ратификувањето на Договорот е тешко, како што гледаме. Ама спроведувањето на Договорот исто така е важно. Сите треба да разберат дека една работа е да „помине“, а друга да се спроведе. Ако Договорот не се спроведе, тогаш имаме проблем. Но претпоставувам дека Договорот ќе се спроведе, вели Сиамбирис, професор на Универзитетот Пиреас во Атина.