Ако ви е потребна причина: Седум неверојатни придобивки од консумирањето мандарини секој ден

15
Stacked from 9 images

Богати со витамин Ц, го штитат нашиот имунитет во студената сезона, ни помагаат да ја одржиме витката линија, а во исто време се многу вкусни.

Мандарина за витка линија

Мандарината се препорачува како идеална храна за зајакнување на имунитетот и витка линија, која по состав е слична на портокалот: богат е со витамини Ц и А, фолна киселина и калиум, а има и витамини од Б групата, како и калциум, магнезиум, цинк, бакар и железо.

 Го намалува лошиот холестерол

Истражувањата покажаа дека кората од мандарина содржи хранливи соединенија кои ефикасно го намалуваат „лошиот холестерол“, објавено во списанието Дијабетес.

Ја спречува дебелината

Научниците од Универзитетот во Западен Онтарио открија дека хранлива состојка скриена во мандарини ја спречува дебелината, нуди заштита од дијабетес тип 2 и атеросклероза. Станува збор за болести кои се одговорни за срцеви и мозочни удари.

Идеални за подготовка на оброци

Мандарината е храна која можете да ја користите во различни јадења, особено во свежи овошни салати. Сокот од мандарина можете да го користите при подготовка на јадења со тестенини, како и при подготовка на колачи. Исто така, можете да користите сок од мандарина при подготовка на јадења со пилешко или риба.

Може да се нанесуваат и на кожата

За поздрава и посветла кожа можете да направите и маска за лице од мандарини. Земете 4 кришки мандарина, извадете ги семките и изблендирајте во блендер со една лажица јогурт и една лажица мед. Нанесете на лицето и вратот и оставете да делува 10 до 20 минути. Добро измијте го лицето, а маската можете да ја користите два пати неделно ако имате мрсна кожа или еднаш неделно ако имате сува и нормална кожа.

 Го подобрува расположението

Верувале или не, мандарините можат да го подобрат вашето расположение, велат од клиниката Мајо. Мирисот на мандарина помага при стрес, депресија и анксиозност. Ако имате лош ден и сакате да се чувствувате поопуштено, пробајте мандарини!

Потешките мандарини се подобри

Кога купувате мандарини изберете потешки бидејќи содржат повеќе вода и сок, пренесуваат медиумите. За да не ги изгубите вредните хранливи материи, чувајте ги мандарините подалеку од директна светлина. Погрижете се да ги консумирате во рок од седум дена од купувањето.