Акварели на Хитлер на аукција во Берлин

65

Три акварели насликани од германскиот нацистички лидер Адолф Хитлер ќе се најдат на аукциска продажба во Берлин.

Според експертиоте, делата, кои се изработени на почетокот на 20-от век додека Хитлер живеел во Минхен, немаат никаква уметничка вредност, по поради нивниот автор можат да достигнат суми и од неколку илјадници евра.

Се очекува на аукцијата да се јават поголем број заинтересирани купувачи од Велика Британија, САД, Русија и скандинавските држави и тоа пред се преку интерент.

Продавачите на сликите побарале да останат анонимни.