Азурен дрес за Родригез

54

Италијанскиот калчолигаш Наполи ќе се обиде до крајот на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на колумбискиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Хамес Родригез.

Одличниот играч за врска веќе не крие дека е незадоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и од соработката со хрватскиот стручњак, Нико Ковач. Колумбиецот е во сопственост на шпанскиот гигант Реал (М), а обесштетувањето за неговите услуги нема да биде помало од 40 мил. евра.