Големиот ривал од италијанската Серија А, тимот на Наполи, е на добар пат да излезе како победник во трката по потписот на швајцарскиот интернационалец од редовите на Милан, Рикардо Родригез.
Офанзивниот бек е разочаран од фактот дека има мала минутажа во актуелната сезона и затоа сака по секоја цена да ја промени средината веќе во јануари. Поранешниот фудбалер на Волфсбург е проценет на 15 мил. евра, а голем интерес за неговите услуги покажа и турскиот гигант Фенербахче.