Словенечкиот интернационалец од редовите на Аталанта, Јосип Иличиќ, ќе биде првата летна аквизиција на контроверзниот сопственик на Наполи, Аурелио де Лаурентис.

Офанзивниот играч за врска има договор со Аталанта до 2020 година, но поради одлуката за не продолжување на соработката, челниците на Аталанта се принудени да го продадат за време на летниот преоден рок.

Првиот човек на Наполи е подготвен да одвои околу 15 мил. евра за обесштетувањето, а на Иличиќ му е понуден 3-годишен договор и годишна плата од 2.2 мил. евра.