АЗАР: „Тој е луд, луѓето не го гледаат тоа“

176
epaselect epa11549261 Real Madrid's team celebrate with the trophy after winning the UEFA Super Cup soccer match between Real Madrid and Atalanta BC, in Warsaw, Poland, 14 August 2024. EPA-EFE/Leszek Szymanski POLAND OUT

Федерико Валверде стана незаменлив член на првиот тим на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М). Уругвајскиот играч за врска игра навистина прекрасен фудбал и е еден од милениците на тренерот Карло Анчелоти.

За Италијанецот, 26-годишниот е незаменлив во тимот, секогаш ќе игра за него освен кога ќе реши да го одмори.

„Феде Валверде е незаменлив играч. Тони Крос го избра совршениот играч за да го носи дресот со број 8“, изјави неодамна Анчелоти.

Иако е во сенка на големите ѕвезди како Килијан Мбапе и Винисиус Јуниор, Феде има многу повеќе кредити во клубот од нив, а за каков играч станува збор доказ се и зборовите на поранешниот фудбалер на „кралскиот клуб“, Еден Азар.

„Тој човек е луд, и на тренинзите и на натпреварите. Но, тој е играч од средниот ред и луѓето не го гледаат тоа“, изјави Азар.

Пред десет дена Валверде одигра уште еден брутален натпревар, на средбата со Атлетико (М) беше најдобар поединец.

Одзема девет топки, имаше најмногу обиди кон противничкиот гол, најмногу успешни додавања (58/63), најмногу завршни додавања кон противничкиот гол (13), а победи и најмногу дуели (3).

Шпанските новинари го нарекуваат суперѕвезда, а и навивачите на Реал исто така гледаат огромен квалитет во споредба со големиот број на фудбалери со кои ја дели соблекувалната.

„Феде Валверде е веројатно нашиот најдобар играч оваа сезона“, се согласија голем број навивачи на „кралскиот клуб“.

Валверде е член на Реал од 2016 година, пристигна од Пенарол за само пет милиони евра.