Една недела подоцна, откако го прослави 28. роденден, белгискиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Еден Азар, откри дека ќе му биде исполнета најголемата желба.
Англискиот таблоид “Телеграф”, ја пласираше сензационалната информација дека Челзи има побарано 100 мил. фунти за обесштетувањето на Азар и дека таквото побарување било прифатено од челниците на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М).
Шпанскиот гигант ќе одвои само 112 мил. евра за обештетувањето на Азар кој до пред неколку недели според раководните лица на “сините” вредеше 200 мил. евра. Англискиот клуб се одлучи за продажба на најдобриот играч затоа што истиот има договор со Челзи до 2020 година, но веќе има потврдено дека не сака да потпише нов договор. “Кралскиот клуб” е на добар пат да го направи истото што го направи со трансферот на Тибо Куртоа. Белгискиот голман требаше да одработи уште една година од договорот со Челзи, но англискиот клуб реши да го продаде на шпанскиот гигант за само 35 мил. евра.
Во “синиот” дрес Азар има одиграно 327 натпревари на кои има постигнато 101 погодок и запишано 85 асистенции.