„Адидас“ и „Најк“ ги затвораат продавниците во Кина

40

Германскиот производител на спортска облека „Адидас“ денес објави дека мора привремено да затвори значителен број на свои продавници во Кина поради коронавирусот поради кој е намалена продажбата.

Адидас има 500 продавници во Кина и има своја мрежа од околу 11.500 франшизи.

„Епидемијата на коронавирусот веќе има негативни ефекти врз ‘Адидас’ во Кина“, соопштија од компанијата.

И американскиот ривал „Најк“ соопшти дека ќе затвори продавници во Кина.