Јанис Адетокумбо од Милвоки и Леброн Џејмс од Лос Анџелес Лејкерс се прогласени за најдобри играчи во Источната , односно Западната конференција за јануари.

Адетокумбо минатиот месец му помогна на „Бакс“ да оствари 11 победи на 13 натпревари, бележејќи во просек по 29.2 поени, 13.4 скока и 5.7 асистенции по натпревар.

„Езерциите“ победија на 10 од 15 натпревари, а Џејмс стигна да запише 25.4 поени, 10.4 асистенции и 8.1 скок просечно по натпревар.

Адетокумбо беше прогласен за најдобар и во ноември и декември 2019 година.