Адеми: Сестра ми аплицираше на многу конкурси, но не ја примија – сега конечно е примена на работа

87

Министерот за култура, Асаф Адеми, чија сестра Хидаете Алили од неодамна е вработена на работно место во АД ЕЛЕМ во изјава за 24 Вести вели дека таа долго време чекала на нејзиното вработување.

Тој не гледа непотизам, а го оценува како скандал известувањето на новинарите за вработувања на функционерите во државни институции.

Од Берлин преку скајп разговор за ТВ24 Адеми порача:

„Знаев дека е примена, дека аплицирала на многу конкурси, но не ја примија. Дека е примена на работа требаше да се направи хајка? Ова е скандал, да се најде поврзаност и да се креира скандал“ – изјави министерот за 24 Вести преку скајп врската.