Адеми верен на Динамо (З)

23

Аријан Адеми беше желба на неколку клубови за време на летниот и зимскиот преоден рок, но репрезентативецот на Македонија на крајот потпиша нов договор со актуелниот шампион на Хрватска, тимот на Динамо (З) до 2025 година.

  • Останувам во Динамо Загреб до крај на кариерата, освен ако не дојде некоја понуда од клуб во топ 5 лигите во Европа. Со овој клуб играв Лига на шампиони и доживеав многу среќни моменти, но имам уште цели за реализација. Меѓу нив, секако, е да бидам најтрофеен фудбалер на Динамо, да бидам играч со најмногу настапи за клубот и, нормално, пак да играме во Лигата на шампиони, рече Адеми.

Последната понуда, според медиумите, за него беше од Ал Наср, но, сепак, реши да остане во Загреб каде доби и специјално изработен дрес за продолжување на верноста кон хрватскиот првак.