Адел се омажила во тајност?

170

Пејачката Адел можеби се омажила во тајност – судејќи по нејзината изјава на неодамнешниот концерт. Некој од публиката држеше транспарент на кој пишуваше – Адел, омажи се за мене?

Одговорот на пејачката беше ефективен.

„Не можеш да се ожениш за мене. И мојот сопруг е тука вечерва“, изјави добитничката на Греми (35).

Обожавателот бил упорен и прашал дали можат барем да се обидат, но Адел се насмеала и не го сменила ставот.

„Не, не сакам ни да се обидам. Јас сум со Рич. Ти си луд, остави ме на мира“, возврати таа.

Адел и спортскиот агент се во врска од јули 2021 година.

Пејачката неодамна изјави дека е подготвена наскоро повторно да стане мајка.