Адел „магично“ исчезна од сцената среде концерт во Лас Вегас/ВИДЕО

142

Адел неодамна одржа концерт во Caesars Palace во Лас Вегас кој буквално беше полн со магија. Имено, фановите биле целосно збунети кога пејачката исчезнала од сцената за време на концертот.

Еден корисник на Твитер споделил видео од концертот, на кое се гледа како пејачката ги крева рацете за време на овации пред завесата од розови конфети да се спушти околу неа, со натпис: „Каде по ѓаволите отиде?

Кога на бината паднале последните конфети, публиката сфатила дека Адел буквално исчезнала.

„Бев измачуван кога се случи ова, се прашував каде е таа“, признал еден фан во коментарите, додека друг додал: „Брате, каде отиде нашата кралица?“

Обожавателите не можат да сфатат како Адел успеала толку брзо да исчезне, а некои шпекулираат дека употребила добро познат трик и се „протнала“ низ скриена врата на подот на сцената. Или можеби навистина имало магија.