Адела ПопСтефанија:трудницата е кај нас и е во добра здравствена состојба

285

Повредената трудница, која синоќа беше примена на Ургентниот центар, веќе е префрлена на Клиниката за гинекологија и акушерство, на одделот за патолошка бременост.


-Трудницата е хоспитализирана кај нас и засега е во добра здравствена состојба-вели за ВЕЧЕР д-р Адела Поп Стефанија од Гинекологија и појаснува дека жената е на триест годишна возраст, со втора бременост која што е во петтиот месец.
Според неа трудницата е стабилна, бебето е добро и нема никакво крварење. Но сепак таа вели дека и понатаму будно ќе се следи нејзината состојба.