Адвокатот на Груби поднел жалба на одлуката за притвор

26

Адвокатот на Артан Груби, по кого е распишана меѓународна потерница за проневера на пари во „Државна лотарија“ поднел жалба на одлуката за притвор, потврдија од Кривичен суд-Скопје.

Оттаму велат дека одлука ќе се донесе во следните денови.

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државната лотарија. Јавното обвинителство претходно соопшти дека ќе побара од МВР да распише потерница по Груби и Бајрами, на кои Основниот кривичен суд им определи мерка притвор од 30 дена, а кои моментално се недостапни за органите на прогонот.

Адвокатот Антонио Апостолски ќе го застапува поранешниот директор на Лотарија, Бајрами, во случајот за кој тој заедно со поранешниот вицепремиер Груби и уште неколкумина е осомничен за проневера на околу осум милиони евра во Лотарија.