Автомобилски гуми незаконски оставени на јавни површини

75

Eко-патролата на jавното претпријатие Комунална Хигиена констатираше непрописно одлагање отпад од автомобилски гуми од страна на непознати сторители на улицата „Никола Парапунов“ во општина Карпош.

-Автомобилските гуми спаѓаат во категоријата опасен отпад и нивното
одлагање на јавни површини претставува директно прекршување на Законот за јавна чистота. ЈП Комунална Хигиена нема надлежност за собирање и транспорт на овој тип на отпад – потенцираат од претпријатието.

Директорката на претпријатието, Косана Николиќ  Мазнева апелираше до скопјани внимателно да ракуваат со опасниот отпад и да го одлагаат исклучиво кај колективните постапувачи, со што, значително ќе придонесат за заштита на животната околина и јавното здравје.

Воедно, ЈП Комунална Хигиена учествуваше во координирана акција со градските јавни претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“ за чистење на реонот на Милениумскиот крст на планината Водно.

Екипите на претпријатието спроведоа метење и празнење на корпите за ситни отпадоци, како и подигнување на отпадот од Планинарскиот дом и околните угостителски објекти. Во рамките на акцијата беа собрани и транспортирани приближно три кубни метри мешан комунален отпад.