Во близина на Врњачка Бања се запали автобус на „Лека транс“ кој враќаше шестоодделенци од ОУ „Момчило Живојиновиќ“, од Младеновац од Копаоник.
Во несреќата нема повредени, а превозникот испратил друг автобус кој ги презел децата и одвел до дестинацијата.
Децата биле видно истрауматизирани, но не ги фатила паника кога излегле од автобусот.
На автобусот му бил извршен технички преглед и контрола од страна на полицијата од Младеновац токму пред да замине на екскурзија.