Автобусите за Први мај ќе сообраќаат по неделен возен ред

294

Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека поради Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, в понеделник, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Билетарниците и центрите за персонализација нема да работат на 1 Мај.

Жичницата на 1 Мај ќе работи од 10 до 20 часот, исто и во вторник.

Од ЈСП потсетуваат дека од мај, жичницата работи два часа повеќе од изминатиот период, односно од 10 до 20 часот, согласно со одлуката за нејзиното работно време, за периодот од мај до септември. Во период од 19 до 19:30 часот е последното возење со жичницата од долу нагоре, додека во 19:45 часот е последното возење од горе надолу.