Австрија ги одобри геј браковите: Даниела и Никол Копауник, првата венчана двојка од 1 јануари

119

Од 1-ви јануари оваа година во Австрија стапи на сила брачната рамноправност, односно отворањето на институцијата брак за истополови двојки. Првата двојка се венча неколку минути по полноќ во новогодишната ноќ, пренесува хрватски Индекс.
„Ehe fur alle“, односно брак за сите, во Австрија е остварен благодарение на пресудата на тамошниот суд кој пресуди во корист на лезбијска двојка од Виена во нивната жалба против Австрија, во која тврдеа дека оневозможувањето да стапат во брак претставува дискриминација. Уставниот суд својата пресуда ја донесе во декември, 2017 година, прогласувајќи дека истополовите бракови ќе бидат донесени во 2019 година.

Историска одлука на австрискиот Уставен суд
Иако не беше одушевена од оваа историска одлука на Уставниот суд, владеачката конзервативно-екстремно десна коалиција на канцеларот Себастијан Курц не сакаше да влегува во судир со највисокото тело на судската власт и не се впушти во измените од 2010 година на постоечкиот закон за регистрирано државјанство на истополови двојки, за да го направи што посличен на бракот по правата и обврските и така се обиде да избегне воведување на брачна нееднаквост.
Првиот брак на истополови двојки кој е направен откако во почетокот на 2019 година беше воведен брак за сите е тој на Даниела Пиер и Николе Копауник. Тие се венчаа во општината Велден ам Вуртсее во Корушка, пет минути по полноќ и го земале презимето Копауник. Нивното венчавање го поздрави началникот на општината Фердинанд Воук: „Голема чест и радост ни е што Николе и Даниела се венчаа кај нас.“ Матичарот Клаус Готвалд кој има венчано многу двојки, рече дека ова беше, сепак, „нешто посебно“ и дека однапред извежбал нов текст за церемонијата.

Во Австрија е можно да се стапи и во брак и во регистрирано партнерство
Сопружниците Даниела и Николе за австриските медиуми изјавија дека се пресреќни поради венчавката и дека им е мило што сега секој во Австрија може слободно да одлучи дали сака да стапи во брак или да направи регистрирано партерство, кое и понатаму е на сила. „Ние се одлучивме за брак и сме среќни со таа одлука, “ изјави Николе Копауник.