Авион се урна во близина на Москва, настрадаа три членови на екипажот 

42

Регионалниот транспортен авион Сухој Суперџет 100 се урна денеска југоисточно од Москва за време на пробен лет без патници, а се верува дека тројца членови на екипажот кои биле во авионот загинале, јавуваат руските агенции.

„Авионот се урна во пошумена област и експлодира при удар.

Според прелиминарните податоци, екипажот загинал, извести службата за итни случаи, пренесува Риа Новости.

Авионот што го изврши пробниот лет е во сопственост на гасниот гигант Гаспром, јави државната агенција ТАСС, повикувајќи се на спасувачките служби.